Европскиот клупски куп е најзначајниот спортски настан годинава во Македонија, а втор по ранг во нејзината шаховска историја, по Олимпијадата во Скопје 1972 и поединечното ЕП во Охрид 2001.

На Европскиот клупски куп во шах (ЕКК), кој од 3 до 11 ќе се одржи во Охрид, досега се пријавени 14 екипи во женска конкуренција.      

Во Охрид ќе се натпреваруваат Т-ком Подгорица (Црна Гора, просечен рејтинг 2.455), Мика Ереван (Ерменија, 2.427), Спартак (Русија, 2.510), Краснотуријнск (Рус, 2.460), Економист Саратов (Русија, 2.426), Турцијанске Шахове Центрум (Словачка, 2.127), Самаиа Тбилиси (Грузија, 2.465), БАС Београд (Србија, 2.403), Каиса Бања лука (БиХ, 2.041), Серкл д, Чес (Монте карло, 2.531), Политехника (Романија, 2.428), Вандервр Ечес (Франција, 2.082), Раднички Рудовци (Србија, 2.326).

Светската првенка, Русинката Александра Костењук (2.516) ќе игра за Монте Карло. Вкупно ќе настапат 68 шахистки, од кои девет велемајстори. Македонија нема свој претставник.

ohridnews