Оласз Ана од Унгарија во женска и Оливер Марк Антони од Франција во машка конкуренција ги освоија првите места во финалето на Светскиот куп во олимписката дисциплина далечинско пливање 10 километри што се одржа во Охрид.
На овогодинешниот Светски куп во далечинско пливање во Охрид учествуваа над 50 машки и женски натпреварувачи од земјата и светот.
Благодарејќи ви вам, на спортистите, вашите тренери и блиски, со помош на организаторите, Комитетот за далечинско пливање – Охрид, кој е дел од Пливачката федерација на Република Северна Македонија и од Светската пливачка федерација – ФИНА, нашата држава е препознаена како една од само пет земји во светот, во која годинава за прв пат се организира официјална трка, Финале за освојување на Светскиот куп во олимписката дисциплина далечинско пливање на 10 километри, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето на на свеченото доделување на наградите на финалето на Светскиот куп во олимписката дисциплина далечинско пливање 10 километри, рече Заев.
Ќе ја споменам само, одлуката на Владата за одобрување на 184,5 милиони денари, односно околу 3 милиони евра од програмите за ковид мерките за спортистите и спортските федерации за непречено спроведување на нивните активности и во вонредни услови, предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, додаде Заев.
Навистина е импресивно, бројното учество и покажаниот интерес на над 50 пливачки и пливачи од повеќе земји на оваа меѓународна пливачка манифестација. Занимавајќи се со спорт, вложувајќи во своите спортски резултати, вие го ширите позитивното влијание на основните животни вредности, а тоа се социјалната вклученост, почитувањето на различностите, толеранцијата, тимската работа и лидерството, кои може да се сметаат како најголема награда за напорната работа и постигнатиот резултат.
Светскиот куп во далечинско пливање се одржа под покровителство на Владата, во организација на Пливачката федерација на Северна Македонија и со поддршка на FINA.
OhridNews