Светската лимнолошка организација преку својата Facebook страница денеска објави поддршка за Декларацијата за заштита на природното и културното наследство на Охрид, со молба до светската научна јавност да ја потпише Декларацијата.
-Древното Охридско Езеро, длабоко 288 метри, на границата помеѓу Македонија и Албанија во Динарските Алпи, е едно од еволутивно најспектакуларните и научно значајни слатководни екосистеми во светот. Ова езеро се соочува со разорна дестабилизација на екосистемот. Властите одобрија урбанистички планови кои ќе го бетонизираат едно од последните мочуриштата за патишта и хотели, што ќе ја замени локалната фауна со неавтохтони видови, а плажите кои се превидува да бидат изградени на крајбрежјето ќе ги загрозат живеалиштата на охридскиот крап и лебедот. Ова ќе го засегне и Националниот парк Галичица, кој е прогласен за биосферен резерват заштитен од УНЕСКО, бидејќи таму е предвидена изградба на ски центар и пат кои ќе загрозат уште еден еко систем. Но се не е загубено „Ohrid SOS“ и граѓанската инцијатива се обидува да ги анимира лимнолозите низ целиот свет да го кажат својот стручен став и да ја поддржат Декларацијата со која се бара од македонската влада да ги спречи овие потенцијални еколошки катастрофи.“ – стои во објавата на Светската лимнолошка организација.
Организацијата ги повикува лимнолозите да ја поддржат Декларацијата.
OhridNews