Претставник на Светската програма за храна (WFP) изјави дека синџирите за снабдување со храна во Украина се распаѓаат, предупредувајќи дека дел од инфраструктурата е уништена, а продавниците и складиштата се празни.

Синџирот за снабдување со храна во земјата се распаѓа. Движењето на стоки е забавено поради небезбедноста, рече Јакоб Керн, координатор за итни случаи на СПХ, во врска со кризата во Украина.

Тој изрази загриженост за ситуацијата во градови како што е Мариупол, додавајќи дека резервите на храна и вода се при крај и дека нивните конвои не можат да влезат во градот.

СПХ купува половина од залихите на жито од Украина, а Керн потсетува дека по руската инвазија на Украина, цените нагло скокнаа.

Со рекордно високите глобални цени на храната, СПХ е загрижена за влијанието на украинската криза врз светската безбедност на храната, особено во местата погодени од глад, рече Керн.

Поради инфлацијата и украинската криза, СПХ плаќа дополнителни 71 милион долари месечно за храна.

Сега ги менуваме добавувачите, но тоа се одразува на цените. Колку подалеку купувате, толку станува поскапо, наглчаси Керн.

OhridNews