Во рамките на фестивалот Охридско Лето, во центарот за култура “Григор Прличев” вечерва ќе биде прикажана светската премиера на претставата “Четири годишни времиња”, во режија на Иван Поповски, а во продукција на театарот Камбурова од Москва.

За оваа претстава поставена е специјална трибина и сценографија, со што на посетителите ќе им биде овозможено несекојдневно доживување. Репризата на претставата е наредниот ден на 4 август.

ohridnews