Светска банка во наредните три години ќе поддржува проекти од областа на енергетиката во Македонија во вредност од 150 милиони евра. Ова било договорено на средбата на вицепремиерот и министер за финснсии Зоран Ставрески со  потпретседателот на СБ за Источна Европа и Централна Азија Филип Леру и со директорката за Македонија Џејн Армитаџ, што вчера се одржа во Вашингтон.

Со овие средства ќе се финансира далеководот од Штип до Ниш, а дел ќе бидат издвоени за финансирање на проекти за осигурување од климатски промени, поплави и слично, информираше министерот Ставрески. Исто така предвидено е  СБ  финансиски да го поддржи и проектот за изработка на пилот студија за зелен одржлив развој, со што Македонија ќе биде прва држава во регионот која што ќе прави ваква студија.

Претходно македонската владина делегација во Вашингтон се сретна и со претставници на Меѓународниот монетарен фонд  – ММФ, кој на државата и понуди кредит од 400 милиони евра со исклучително поволна каматна стапка. Владата соопшти дека Македонија е прва земја на која ММФ и нуди ваква кредитна линија, што претставува нов инструмент кој е наменет за земји со стабилна економска политика.

OhridNews