Претставници на Светска банка ,предводени од експертот Ј.Фоурниер вчера имаа работна средба со градоначалникот Александар Петрески и претставници на локалната самоуправа.


На средбата на која присуствуваа и професорите од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, д-р Софронија Миладиноски и д-р Науме Мариноски се разговараше за поддршката на  Светска банка на проектите од Стратегијата за развој на туризмот во Охрид. Претставниците на Светска банка покажаа интерес за поддршка на развојот на културниот туризам , зошто според нив Охрид ги има сите предуслови. -информираат од локалната самоуправа.

OhridNews