Светска банка објави дека ќе обезбеди 1,78 милијарди долари помош и реконструкција за Турција по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 20.000 луѓе, а стотици останаа без покрив над главата во Турција и Сирија.

Светска банка соопшти дека 780 милиони долари веднаш ќе и бидат достапни на Анкара, бидејќи средствата ќе бидат пренасочени од два постоечки заеми на Светска банка во Турција.

Според портпаролот на Светска банка, се подготвува уште една милијарда долари помош за закрепнување и обнова на земјата, но ќе биде потребно повеќе време за да се организира таа помош.

OhridNews