Во следните 25 години светот би можел да го добие својот прв билионер. Многумина очекуваат дека Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт и најбогатиот човек на светот да биде првиот билионер на светот. Доколу светските богаташи продолжат да растат со досегашното темпо, кое поттикнува и голем број новонастанати милијардери на растеќките пазари како Индија и Кина, тогаш Гејтс или некој друг супербогаш би можеле да достигнат богатство од билион долари до 2039 година.

„Credit Suisse“ банката, од друга страна, верува дека во рамките на само две генерации, светот веќе ќе има 11 билионери. Кога моментално билион долари би се распределиле на секој човек на Земјата, сите би добиле по 140 долари. Исто така со тие пари во денешно време би можело да се купи секоја педа недвижнини во центарот на Лондон.