Во следните 40 години жените ќе бидат на владејачки и раководни функции, како никогаш до сега, се поголем број муслимански емигранти ќе се преселат на Запад,  а работниците ќе излезат од своите канцеларии, се наведува во извештајот на консултантската куќа “Toffler Associates“-пренесуваат светските медиуми.

Основач на оваа групација е Алвин Тофлер , футурист и автор на книгата „Furure Shock“ од седумдесетите години на минатиот век во која се опфатени предвидувањата дека технологијата ќе се развива толку брзо, што луѓето нема да можат да се носат со неа, дека ќе се венчаваат парови од ист пол и дека разни насилства и еколошки катастрофи ќе бидат во пораст.  

Тофлер  во своите предвидувања за иднината наведува дека ќе се зголеми бродскиот превоз, а Суецкиот и Панамскиот канал ќе бидат подобрени. Се повеќе луѓе ќе одгледуваат сопствена храна, а ширењето на брзиот интернет на многу работници ќе им овозможи да ги напуштат канцелариите и работата да ја вршат од било кое место на светот.

OhridNews