Откако израелските бомбардери нападнаа конвој во Сирија во близина на либанската граница, се огласи и Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Тој го примил известување за израелскиот воздушен напад, а како што стои во соопштението изразува загриженост од моменталната ситуација на блискиот исток.

Истовремено, Ки-мун го повикува сите инволвирани страни да ги спречат тензиите, како не би дошло до ескалација на ситуацијата. Тој потецнира дека мора да се почитува меѓународното право, особено територијалниот интегритет и суверенитет на земјите од тој регион.

Инаку, како што соопштуваат израелските власти, целта на нападот бил конвојот со кој се превезувалло оружје наменето за либанската екстремистичка организација Хезболах.

OhridNews