Светот се простува од актерот Леoнард Нимој коj почина во 83-та година од животот во петокот во САД, од хронично белодробно заболување. Тој се прослави во улогата на Спок во култниот научнофантастичен серијал “Star trek”.

Емотивна порака испрати астронаутот Тери Виртс од меѓународната вселенска сгтаница. Тој на својот Твитер профил објави фотографија на која го покажува легендарниот вулкански поздрав на Спок, а во позадина може да се види планетата Земја.

Неговата колешка, иралијанската астронаутка Саманта Кристофорети, исто така на Твитер, ја цитираше реченицата која ко прослави ликот кој го толкуваше Леoнард Нимој во “Star trek”:  “Live long and Prosper, Mr. Spock” – „Живеј долго и напредувај г-дине Спок“.

„Го сакав како брат. На сите ќе ни недостига неговиот хумор“, напиша на својот профил на Твитер Вилијам Шејтнер, кој го толкуваше капетан Кирк во Ѕвездените патеки. Сепак тој нема да присуствува на погребот на својот пријател поради волонтерски ангажман во црвениот крст на Флорида.

По повод смртта на Нимој се огласи и американскиот претседател. „Го сакав Спок“ – рече Обама.

Актерот Леoнард Нимој последен пат им се обрати на фановите на социјалната мрежа Твитер на 23-ти февруари, упатувајќи длабока порака: „Животот е како градина. Има совршени моменти кои не можат да се зачуваат, освен во меморијата“.

OhridNews