Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и светските лидери повикаа на итен прекин на воените десјствија во грузиската република Јужна Осетија. Во војната што започна со навлегување на силите на Грузија во Осетија се зборува за стотици жртви. Последните информации говорат дека по рускиот жесток одговор армијата на Грузија се повлекува од Осетија, но вестите кои стигнуваат од теренот се доста контрадикторни. Русија воената интервенција ја правда со мировниот мандат и обврската за заштита на руските граѓани во Осетија, додека за Тбилиси тоа е класична агресија.
ЕУ ја предупреди Руисија дека ќе ги преиспита односите со официјална Москва, а претседателските кандидати во САД Обама и Мекејн побараа Русија да се повлече од Јужна Осетија.
Иронично, Руско-грузиската војна започна на денот на отворањето на 29-те летни оломписки игри во Пекинг.
Ohridnews
фото: Reuters