Тоа според експертите води кон деградација на почвата, загадување на водата и воздухот и до драматично опаѓање на бројот на рибите и на другите животински видови. Според нив ситуацијата уште повеќе се влошува, затоа што популацијата и потрошувачката и понатаму расте побрзо отколку што технологијата може да го надомести она што, инаку го создава природата.
Во сторијата што ја пренесува лондонски „Гардијан“, еколошкиот долг на годишно ниво се проценува меѓу 4 и 4,5 трилиони долари, што е двојно повеќе од утврдената загуба, направена од финансиските институции во светот.