Во исто време насекаде во светот на Интернет, радио и телевизија ќе се емитува директниот пренос на 24-часовната прослава Меѓународниот ден на мирот, во рамки на која ќе биде емитувана пораката на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, како и интервјуа со сегашни и поранешни високи претставници на ОН.
По повод Меѓународниот ден на мирот повеќе стотици илјади луѓе се собраа синоќа на Плоштадот на револуцијата во Хавана на концертот на мирот на колумбискиот рок музичар Хуанес, а локалните и странските сили во Авганистан времено ги запреа воените операциите.
Меѓународниот ден на мирот се одбележува од 1982 година, но масовно тоа се прави од 2001 година, кога Генералното собрание на ОН, со посебна резолуција, го прогласи 21-ви Септември за Меѓународен ден на мирот.
Со низа свечености Меѓународниот ден на мирот ќе биде одбечежан и во Македонија.