Десетици илјади луѓе ширум светот учествувале во глобалната акција „Ден за возење со метро без пантолони“ и во долна облека се возеле низ градските улици. Акцијата, која пред 12 години започнала во Њујорк кога на секоја од седумте станици на една линија на метрото влегол во еден човек во долна облека правдајќи се дека ги заборавил пантолоните, денес стана глобален настан. Учесниците во зимски јакни, со капи шалови и ракавици, но без пантолони или сукњи, се повезе со подземната железница однесувајќи се како тоа да не е ништо чудно. Во Њујорк на акцијата се приклучиле 4000 лица, а во Лондон настанот бил организиран преку друштвените мрежи.
Учесниците во њујоршкиот хепенинг велат дека целта на настанот пред се е забава и желба луѓето да покажат дека се слободни. Чарли Тод, еден од организаторите, вели дека ова е комичен настан. Апсурдно е да се не носат пантолони среде зима кога во Њујорк е ладно и целта им била да се забавуваат и да им дадат можност на луѓето да се насмеат и расположат. Учесниците пред почетокот на акцијата добиле инструкции да не разговараат со другите и да се прават дека никого не познаваат. Да велат дека случајно ги заборавиле панотолоните, но и да бидат љубезни и дасе однесуваат нормално. Акцијата била одржана во 60 градови и 25 земји, од Њујорк до Сиднеј, преку Мексико до Шангај.