Првите новогодишни украси ноќеска засветеа на охридските улици. Прва вчера беше украсена улицата „Димитар Влахов“ во центарот на Охрид.
Како што веќе информиравме поставувањето на новогодишните реквизите денеска ќе продолжи на ул „Партизанска“ и „Јане Сандански“. Комплетоното украсување на градот според најавите од локалната самоуправа ќе заврши до 21 декември.
Покрај старите реквизити годинава набавени се и нови со цел Охрид и оваа Нова година ќе блесне во полн сјај и да го задржи пиететот најубаво украсен град на Балканот.