Од синоќа прекрасно украсениот центар на градот го разубавува највпечатливиот новогодишен детаљ. Неколку метри восоката новогодишна елка поставена во паркот пред рибниот ресторан ја красат илјадници сијалички во разни бои. Елката ја надополнува празничната атмосфера во Охрид која се очекува да кулминира на дочекот на новата година. За најлудата ноќ во Охрид се очекуваат над 10.000 туристи, во најголем дел од соседството. Покрај во кафулињата, рестораните и хотелите, весело ќе биде  и на градскиот лоштад каде присутните ќе ги забавуваат групата „Камелеон“, Ева, Силви бенд и Игор Џамбазов.


Светна и новогодишната елка

Ohridnews