Карминот за усни е задолжителен дел од шминката дури и на оние жени кои се трудат да го задржат природниот изглед, а веќе неколку сезони главен хит се ведрите, интензивни светли нијанси кои ова лето доминираат уште повеќе.

Шминкерите успеале да ги искомбинираат во различните стилови на шминкање, а реакцијата на козметичките куќи била брза, па така во понудата се светло црвени, розеви, виолетови и портокалови нијанси, хит боите за ова лето.

Овие бои ова лето се комбинираат во дневниот и вечерниот мејк-ап,а посебно внимание треба да се посвети на комбинираењто со облеката.

Совети за шминкање

Со овие светли бои најдобро одговараат светли пудри со лесна текстура како подлога. Носот, челото, брадата и јаболчниците се нагласуваат со бронзер во внимателно избрана нијанса.

На русокосите најдобро им стојат црвените кармини со портокалови тонови, а жените со потемен тен би требало да изберат нијанси со кафени тонови.

Бринетите подобро ќе изгледаат со интензивни портокалови или кафени тонови на кармин, а на русокосите им прилегаат и коралните тонови на портокаловата и интензивните и чисти розеви нијанси.

извор:metro-portal.hr