Православните христијани денеска го одбележуваат Светли Четврток. По тој повод во црквата Св. Јован Канео утрово се одржа едноцрквие за Охрид.

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на  21. април 2017 година (петок), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Источен петок – Балаклија“(Едноцрквие). На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

OhridNews