На денешен ден православната црква ги слави Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски.
Александар учетсвувал на Првиот вселенски собор во Никеја, наместо престарениот патријарх Митрофан, когошто потоа го наследил. Кога некои философи сакале да се препираат со него за верата, на едниот од нив му рекол: „Во името на мојот Господ Исус Христос ти заповедам да замолкнеш!“ И во тој миг философот онемел. Со својата молитва и на Ариј тој му го прекинал животот. Се упокоил на возраст од деведесет и осум години, во 340 година. Свети Јован Постник управувал со Црквата во времето на злиот цар Анастасиј, еретик акефалит. Се упокоил во 595 година. Свети Павле IV управувал со Црквата пет години и осум месеци. Од престолот се одрекол откако тајно примил схима, за да се покае за гревот што најпрво се согласил со иконоборците. Му бил претходник на големиот Тарасиј и се упокоил во времето на Ирина и Константин, во 784 година.
OhridNews