Света архиерејска литургија се одржа во црквата Света Софија по повод годишнината од врачувањето на актот на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) од страна на српскиот патријарх Порфириј на архиепископот охридски и македонски , г.г Стефан со кој СПЦ одобри и упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, со што се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. Со литургијата чиноначалствуваа поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви.
Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА го одликува српскиот партијарх со орден на Свети Кимент Охридски од прв ред, за покажаната љубов кон нашата црква.
Изразувајќи благодарност за добиеното одличје, поглаварот на СПЦ Порфириј, по отслужената литургија кажа дека е исполнет со радост што денеска е во Охрид, во преубавиот храм Св. Софија, напоменувајќи дека во овој храм српски патријарх служел последен пат пред 100 години.
Со ова одличје кое ми го доделивте ви благодарам и сум исполнет со радоста на духот што сме денес во славниот Охрид, собрани во преубавиот храм Св. Софија. Се радувам и поради поводот а тоа е една година од кога ја слававме вистинската и права педесетница овде во Охрид и Белград, а тоа значи го славевме роденденот на црквата Христова, и секако по повод доделувањето на Томосот на вашата автокефална црква во Макаедонија. Се што имаме, што мислиме, што вреди и е од Бога, затоа е и тој дар да можеме во име на божјиот дух да се видиме како сестрински цркви, тоа е божји дар. Иако Бог секогаш дарува, неопходно е и ние да ја разбереме неговата волја и да послужиме неговата волја да се исполни. Тоа важи како за секој нас поединечено, така и за сите нас како заедницата. Кога очите ни се отворени и кога имаме мир во душтата, верба и му се обраќаме на Господ тој делува за нас и околу нас, а кога во нашето срце има гордост, себичност колку и да се трудиме, да даруваме и живееме во подвиг, по правило благодетот на Светиот дух не делува, или не може да се осети, рече поглаварот Порфириј.
Додаде дека не постојат повеќе цркви, постои само една Света соборна и апостолска православна црква.
Секако постојат администрации, епископии, митрополии на автокефалните цркви. Но, секоја автокефална црква се ослонува на Господ како нераскинливо едниство со сите помали цркви. Во исто време секоја автокефална црква, како и секоја епископија е полна црква, бидејќи во црквите каде се служи света литургија присутен е цел Христос. Оттука, црквата е над сите поделби. Тоа не значи дека не постои поединечни дарови и таленти и дека не постојат дарови кои ги носат одредени народи. Секој народ има свој печат, но дури кога тој печат ќе го доживее како дар од Бога, кој не е дар за спротивставување, за дистанцирање и недајбоже за кавги, дури кога ќе разбереме дека тоа е дар како можност да го прославиме Христос и низ нашиот дар другите народи не препознаваат како Христов народ и преку умножување на нашите дарови ние ги препознаваме другите народи како дарови Христови, тогаш ние ги збогатуваме со Христос и другите не збогатуваат нас со Христос, додаде поглаварот Порфириј.
По завршувањето на говорот, тој го повика македонскиот поглавар г.г. Стефан и му подари златен жезол.
Знам дека веќе имате жезол, но јас би сакал да ви подарам уште еден, му рече патријархот на архиепископот.
Откако на 9-ти мај, најнапред како црква и како народ, од страна на неговата светост, вселенскиот патријарх Вартоломеј и од членовите на Синодот бевме примени во литургиско единство со се православаната екумена и откако во Белград и во Скопје сослужувавме Божествени литургии со неговата светост, патријархот српски Порфириј, конечно, на денешен ден, 5 јуни минатото лето господово во Соброниот храм во Белград ни беше врачен Томос со кој ариерејскиот собор на СПЦ го призна автокефалниот статус на нашата МПЦ ОА, рече во обраќањето македонскиот поглавар г.г. Стефан.
Добродојдовте ваша светост и добро се најдовте овде во дрвниот Охрид и во црквата Света Софија, во градот, славната престолнина и во храмот, хроничар кој пред една година во својата меморија го забележа историскиот настан со кој се врати некогашната слава и со кој конечно се тргнаа сите неправди и понижувања од времињата минати. Со настанот од пред една година Охрид е повторно горд, а црквата Света Софија како некогаш така исполнета со радост, а со нив и со сите нас се радуваат и Свети Климент, Свети Наум и сите Богоугодници и црквољупци, кои се вградиле во духовниот раст на верниот народ и во црквата Божја во оваа Богоблагословена македонска земја. Вие, Ваша светост, сте најзаслужниот за сето тоа што се случи, заедно со членовите на архиерејскиот синод и собор на СПЦ. Затоа и на овој ден и од ова место, ви благодариме од името на архиереите, свештенството, монаштвото и верниот народ на МПЦ. Благодарение на вас тој ден постана историја и се претвори во ден празник, празник што трае и ќе трае, рече г.г. Стефан.
Минатото лето Господово силно веруваме дека во божја милост се удостоивме да се прославиме според зборовите на Апостолот, додаде г.г. Стефан.
Сега откако сме препознаени како полноправни членови на едната света апостолска црква, пред нас е уште една поголема обврска и должност, непрестајно да го сведочиме духот божји, духот на разбирањето, на љубовта. Во духот сме должи и да постапуваме барајќи го единственото. Господ го слушна гласот на нашите молитви. Дај Боже нека продолжи да се зголемува нашата радост поради единството со помесните цркви и поради возобнувањето и прифаќањето на автокефалниот статус на нашата света црква истакна г.г. Стефан.
Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во кратка изјава за медиумите кажа дека во однос на прашањето за припојувањето на ПОА со МПЦ ОА треба да има седница на Синодот на 20. овој месец.
Ќе има синодска седница и тоа официјално ќе го објавиме. Има одлука ама не е верификувана. Со службата се потврдува припојувањето, но треба официјално да се потврди на седница во полн состав на Светиот архиерејски синод, која ќе се случи на 20-ти овој месец, рече Тимотеј.
Н.С.Ј.