Морнарите кои пловат пе езерото Ири наместо светилникот на кој навикнале, на пристаништето во Кливленд ќе затекнат нешто што повеќе наликува на леден замок од бајките. Силната зима која владее во Охајо и ледените бранови од езерото успеале од светилникот да направат необична скулптура.
Под слоевите мраз кои потполно го прекриле светилникот и го направиле непрепознатлив не се забележува светлото кое им помага на бродовите. Вчера во Охајо, Пенсилванија и Њујорк паѓале нови слоеви снег. Необично ниски темеператури биле забележани дури и на Флорида.