По реакцијата на бројни граѓани дека дел од уличното осветлување е вклучено и преку ден, одговорните од локалната самоуправа информираат дека не се работи за некаков дефект, или неодговорен однос, туку станува збор за тековно одржување на системот.


За да може да ги отстраниме воочените дефекти на уличното осветлување истото мораме да го тестираме, така што го вклучуваме преку ден, објаснува Сашо Велјаноски, одговорен за функционирањето на уличното осветлување.

Ohridnews