Светилки под вода
По обилните врнежи деновиве нивото на Охридското Езеро се покачи на 693, 86 метри надморска височина, што е за 11 сантиметри над максималната кота утврдена со Билатералниот договор помеѓу Македонија и Албанија.
Нивото на Охридското Езеро се покачи на 693, 86 м.н.в.
Засега не е забележано излевање на водата од Езерото, а надлежните информираат дека во реката Дрим се испушптаат 50 метри кубни вода во секунда и дека состојбата не е критична. Од локалната самоуправа велат дека ситуацијата будно се следи во координација со надлежните институции.