Веќе десетина дена на охридскиот кеј наспроти х. Милениум светат светилки на соларна енергија. Засега се поставени само две, но идејата е одлична коментираат охриѓани.
Охрид со над 200 сончеви денови во годината има идеални услови за искористување на соларната енергија. Технологијата која се користи за соларните светилки е поскапа од регуларните светилки, но на подолг период многукратно поисплатлива.
И покрај големиот број сончеви денови, соларната енергија во Охрид не е доволно искористена, а посочениот пример е прв таков во градското осветлување.
Светилки на соларна енергија на охридскиот кеј
Од локалната самоуправа информираат дека се работи за пробно поставување на две светилки на соларна енергија на кејот и дека градското шеталиште целосно ќе биде осветлено со светилки на соларна енергија наредната година.
Горан Момироски
фото: Васко Бујароски