Гинисовата книга на рекорди неодамна за најстара светилка на светот прогласила една светилка од 60 вати произведена пред повеќе од еден век и која сеуште совршено функционира. Оваа светилка, која им пркоси на законите на физиката, се наоѓа во противпожарната станица во Ливермур, Калифорнија. Никогаш не престанала да свети, освен една седмица во 1937 година и за време на неколку прекини на напојувњето со електрична енергија до 1976 година, откога без прекин осветлува повеќе генерации пожарникари.
Никој не знае како е тоа можно, но таа и понатаму работи иако е произведена пред 110 години, изјавил еден од официјалните лица на Ливермур. Овој антиквитет меѓу светилките, кој грижливо се чува, станал незаобиколива туристичка атракција за која градот се надева дека ќе привлече уште повеќе љубопитни лица сега, кога нејзиниот рекорд е и официјално запишан.