Роден во Мисир, египетскиот војник Мино живеел за време на царот Диоклецијан кога бил вршен прогон над христијаните. Бил офицер во царската војска но ја напуштил службата и заминал во пустина зошто подобро се снаоѓал меѓу ѕверовите отколку меѓу луѓето неверници. Еднаш додека паганите прославувале некој свој празник, Мино влегол во градот, објавил дека е слуга Христов и ги разобличил идолопоклонството и паганството како најголем мрак и незнаење. Поради тоа бил изложен на големи мачења, бил тепан, а потоа исечен со меч и фрлен во оган за да не можат христијаните да го погребаат. Но тие сепак спасиле делови од неговото тело и пристојно ги погребале. Подоцна тие биле пренесени во Александрија и биле погребани, а над нив била подигната црква посветена на неговото име.
Свети Мино пострадал во 304 година. Правел чуда за време на животот и по смртта. Често им се јавувал на тие што му се обраќале, некогаш како војник качен на коњ, и им помагал на тие што биле во неволја.
Православната црква денеска го одбележува споменот на Преподобен Антониј Велики Тој бил Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја По смртта на неговите благородни и богати ...
Овој ден се споменува заради веригите во коишто беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7) Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради ...
На денешен ден се празнува споменот на Св Гаврил Лесновски Тој живеел кон крајот на 11 и почетокот на 12 век Потекнувал од Осечко поле Неговите родители биле богати но долго време немале деца па вр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.