Св. Георгиј е роден во Кападокија, Мала Азија, од богати, но чесни и
побожни родители. Уште од детството останал без татко и мајка му заедно
со него се преселила во Палестина каде што била родена. Таму го минал
детството посетувајќи ги местата во кои Исус го проповедал своето учење
и се стекнал со образование. Бил висок, убав и храбар поради што добил
висока служба во војската. На 20 годишна возраст добил чин трибун, а
подоцна императорот Диоклецијан го поставил за член на државниот совет.
Подоцна кога умрела и мајка му целиот имот им го поделил на сиромашните.
А
кога Диклецијан започнал жестока пропаганда против христијаните Св.
Георгиј му се спротиставил, ги зел во заштита неправедно прогонетите и
самиот признал дека верува во Господ Исус Христос. Тоа го разбеснило
императорот кој наредил веднаш да биде затворен и да биде подложен на
најжестоки измачувања со цел да се откаже од своето верување. Но, Св.
Гергиј не би бил Победоносец ако не бил толку истраен во своето
убедување. Легендата вели дека ноќта пред да оди кај царот му се јавил
Исус, на главата му ставил победнички венец и го охрабрул да издржи во
своето верување ветувајќи му дека наскоро ќе го земе кај себе.
Врз
Св. Георгиј се применувани најсурови мачења. Бил положен на грб нозете
му биле ставени во клада, а врз него турнале голем камен. Подоцна го
ставиле на тркало под кое имало шајки кои му го парале телото. Кога и
тоа не го поколебало го тепале со воловски жили, го ставиле во дупка
полна со негасена вар и турале вода, му облекле усвитена облека, три
дена го држеле закопан во земја само со главата над земјата, најпосле
му дале да испие отров но и тој не делувал поради што му ја отсекле
главата. Гледајќи ги овие страдања на Св. Георгиј, но особено брзото
оздравување на раните и преживувањето на отровот, жената на
Диоклецијан, Александра, го прифатила христијанството поради што била
осудена на смрт.
На
иконата Св. Георгиј е претставен како војвода на коњ како со копје
убива ламја која е под копитата на коњот. И според легендата Св.
Георгиј ја убил ламјата што на народот му правела голема штета. Во
позадина се гледа женски лик. Тое е царицата Александра.
Многу
семејства Св. Георгиј го имаат како домашен светец и заштитник.Бидејќи
празникот се паѓа во Божиќните пости, Св. Георгиј е посна слава.
Јасминка Т. Момироска