Светиот Великомаченик Теодор Тирон живеел во понтискиот град Амасија за време на римскиот цар Максимилијан. За време на владењето на овој цар извршена е најжестока хајка против христијаните. Тогаш настрадал и Светиот Великомаченик Теодор. Тој не сакал да се откаже од Христа и на паганските богови да им принесе жртва поради што бил затворен и мачен. Но и во затворот не се уплашил од смртта и пеел црковни песни поради што бил осуден на смрт со запалување и бил погубен на клада во 306-та година. Затоа на овој ден се празнува споменот на Светиот Великомаченик Тодор.

Но, народот празнува уште еден празник посветен на овој светец. Тоа е Тодорова сабота, како се вика првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка. Овој празник е подвижен и зависи од Велигден.

Јасминка Т. Момироска