Светиот Великомаченик Теодор Тирон живеел во понтискиот град Амасија за време на римскиот цар Максимилијан. За време на владењето на овој цар извршена е најжестока хајка против христијаните. Тогаш настрадал и Светиот Великомаченик Теодор. Тој не сакал да се откаже од Христа и на паганските богови да им принесе жртва поради што бил затворен и мачен. Но и во затворот не се уплашил од смртта и пеел црковни песни поради што бил осуден на смрт со запалување и бил погубен на клада во 306-та година. Затоа на овој ден се празнува споменот на Светиот Великомаченик Тодор.
Но, народот празнува уште еден празник посветен на овој светец. Тоа е Тодорова сабота, како се вика првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка. Овој празник е подвижен и зависи од Велигден.
Велигден е празник со непостојана дата за празнување Празник неврзан за датум Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум Денот не го менува, а датумот го менува Може да биде во април, а...
Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика Сабота е исполнета со исчекување на Неговото Воскресение Смртта на Господ веќе ги воскреснала упокоените праведници во Е...
Велики Петок или уште се нарекува и Распет Петок, е денот кога Исус бил фатен, мачен и распнат на крст На Велипеток Исус бил осуден и мачен, на грбот му ставиле голем дрвен крст кој требало да го н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.