Македонската православна црква денеска го празнува празникот „Свети Прохор Пчињски и пренесување на моштите на Свети Јован Рилски“.

По тој повод утрово (8.45ч.) во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на  Плаошник ќе се служи света архиерејска литургија. На богослужбата ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Ohridnews