Светите Захариј и Елисавета биле чесни и побожни луѓе, разочарани затоа што немале деца, а бездетството тогаш се сметало за божја казна и некој голем грев. Биле во длабока старост па и покрај деноноќните молитви упатени кон Бога, се помалку верувале дека ќе добијат рожба. Еднаш додека Захариј служел во храмот му се јавил ангелот Гаврил и му соопштил дека ќе добие син, и да му стават име Јован. Захариј во моментот не поверувал, поради што за казна онемел. Подоцна навистина добил син кому му ставиле име Јован. Тоа се случило шест месеци пред да се роди Исус.
За време на царот Ирод кога наредил да се убијат сите деца до две години за да биде убиен и новородениот цар јудејски, Захариј своето дете и Елисавета ги скрил во пештера. Кога не можеле да го најдат детето, војниците го убиле Захариј.
Ј.М.