Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 18 декември,петок, во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преподобен Нектариј Битолски и свети Сава Освештен“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На 19 декември, сабота, во црквата „Свети Никола“ – Ѓеракомија, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Николај Мирликијски Чудотворец“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

OhridNews

Во продажба пуштени влезниците за „Зимската бајка“ со безвременските македонски евергрини и најкреативниот хумор