На локалитетот Плаошник продолжуваат археолошко истражувачките работи кои изминатите денови беа ставени во мирување поради Велигденските празници. Педесетина студенти по археологија и ликовна уметност детално го истражуваат просторот на кој ќе биде возобновен Свети Климентовиот универзитет.

Локалитетот Плаошник е богат со културни слоеви вели археологот Паско Кузман. Тоа е најсветото место на Балканот каде се испреплетуваат паганската, христијанската и исламската религија, а древноста и духовноста на ова свето место ја потврдуваат и археолошките докази, изјави неодамна на Плаошник, Кузман.


се истражуваат културните слоеви на Плаошник

На овој простор Свети Климент ја изградил црквата посветена на Свети Пантелејмон која по доаѓањето на османлиите во 14 век била срушена и на нејзино место била изградена Султан-Мехмет џамијата. Оваа веќе 200 години неактивна џамија е дислоцирана за да се реализира националниот проект Плаошник, вели Кузман.

Новиот  лик Плаошник  треба да го добие  до крајот на 2009 година, до кога треба да заврши возобновубвањето на Свети Климентовиот универзитет кој според некои научни истражувања постоел 125 години пред Болоњскиот за кој италијаните тврдат дека е најстариот  универзитет во Европа.

Г.Момироски