Празникот Св. Климент Охридски – Заштитникот на Охрид, кон кој постои голем култ во овие краеви, ги сплоти охриѓани. Како ретко кога, на овој ден заедништво и почит демонстрираат и политичките чинители. Претставници на локалната власт, на советот на Општина Охрид, пратеници, делегации на партиите од власта и опозцијата заеднички се поклонија пред споменикот на големиот светител, учител, филозоф и книжевник.

Традиционално, на празникот Св. Климент Охридски, градоначалникот Георгиески ги врачи наградите на учениците од охридските училишта кои учествуваа на Конкурсот за најдобра поетска творба што претходно го распиша општината.

Првата награда во прва категорија за ученици од одделенска настава ја освои Климент Укоески за песната „За Климент“. Придружната награда ја доби Максим Георгиески за песната „Учителот“ и Кирил Шапкароски за „Охриде“.

Првата награда во втора категорија за ученици од предметна настава ја доби Надица Новеска автор на песната „Охридска вечност“. Придружната награда беше доделена на Надица Тасеска за „Охрид раскажува за Св. Климент“ и Симона Димитриевска за песната „Климентово дело“.

Годинава наградата во третата категорија за ученици во средно образование од прва до четврта година не беше доделена.

OhridNews

Видео: Доделени наградата и повелбите Св. Климент Охридски – Патрон на градот за 2020 година