Монети со свети Кирил и Методиј со ореоли и крст во рацете ќе се најдат на монетите од две евра коишто наредната година во промет ќе ги пушти Словачката народна банка, пренесува „Макфакс“.

„Монетите со свети Кирил и Методиј ќе бидат во предложениот облик. Тоа дефинитивно го одобри Европската комисија“ изјави во Брисел, словачкиот министер за финансии Петер Кажимир.

Симболот на христијанството, крстот и ореолот им попречија на некои членки на Европската унија кои побараа монетата  по повод 1150 годишнината од доаѓањето од Солун на враќањата Кирил Методиј во Голема Морава, кои ја донеле писменоста и христијанството, да биде верски неутрална.

„Тоа е непочитување на сопствената историја. Луѓето во време на тоталитарниот режим ризикувале да бидат уапсени бидејќи сакале да зборуваат за Кирил и Методиј како за светци. Дали живееме во слободно општество или тоталитарен режим кога некој може нам да ни диктира дали можеме да ги користиме државните симболи“ протестираше Словачката католичка црква поради барањето на ЕУ.

По тие перипетии сега првобитниот предлог со орлите и крстот во Брисел е едногласно усвоен и од наредната година и со тие монети ќе се плаќа на целиот простор од ЕУ.

Пред да го воведе еврото, платежно средство во Словачка беше круната, а банкнотата од 50 круни го носеше ликот на свети Кирил и Методиј.

OhridNews
извор:“Макфакс“