Македонската православна црква денеска го одбележува празникот посветен на Свети Григориј Богослов.

Свети Григориј Богослов  живееел во времето на Свети Василиј Велики. Бил негов другар и исто така популарен. Во Цариград во 379 година станал патријарх. Поради големото богословско образование бил наречен Богослов. Умрел на 7 февруари 389 година и на овој ден светата црква го празнува неговиот ден. Денес главата му се наоѓа во Москва, а другиот дел од телото во Рим.

Свети Григориј, Свети Јован Златоуст и големиот светец Василиј Велики се познати уште како Три Светители, а овој ден се празнува на 12-ти февруари.

Јасминка Т. Момироска