Според една легенда родени се во Азија каде што и умреле во малоазискиот град Фереман.
Според друга пак родени се во Рим, а умреле во планината каде што биле каменувани од својот некогашен учител кој им завидувал на славата затоа што го надминале.
Легендата вели дека со успех го изучиле лекараскиот занает, а господ ги дарувал со исцелителска моќ да лекуваат секакви болести
Во народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина, лекување, баење…
Тие на овој празник не работат зошто во спротивно нема да им се фати лекот.
По повод празникот денеска во црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“ во селото Пештани, ќе се служи света архиерејска литургија. Со литургијата која ќе започне во 8 часот и 45 минути , ќе чиноначалствува Неговото Високо преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.