Преданието раскажува дека кога го напуштил царинарскиот занает повикал на вечера неколку другари цариници за да се збогуваат. Тука бил и Исус со своите ученици, а имало и некои фарисеи кои се лутеле на присуството на Исус. На тоа Исус им одговорил: „На здравите не им треба лекар, туку на болните. Јас не дојдов да ги повикувам на покајание праведните, туку грешните“.
Осум години по Христовото распетие и воскресение го напишал Евангелието на еврејски јазик, а христовото учење најпрвин го проповедал во Палестина, а потоа во Персија, Индија, Етиопија и други места. Неверниците го мачеле, а потоа го запалиле во Етиопија. Според други извори бил каменуван, а според трети исечен со меч. Тоа се случило околу 60-тата година.
На иконата светиот евангелист и апостол Матеј е претставен како го пишува евангелието или како го држи стоејќи.