Православната црква денеска го празнува споменот на Светата маченичка Параскева (Петка), Светиот маченик Теренциј, Свети Стефан Саваит, Свети Атанасиј, патријарх Цариградски и на Свети Димитриј, епископ Ростовски.
Света Параскева (Петка) според која се празнува денешниот ден родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители како девојка почнала да им го раздава својот имот на бедните и на неволните, во името на Господ Исус Христос. Кога настанало гонењето во времето на царот Диоклецијан, Параскева била изведена на суд пред кнезот на таа земја. Штом кнезот ја прашал за името, таа кажала дека името ѝ е христијанка. Кнезот ја укорил зошто не си го кажува своето обично име. А Параскева му рекла: „Требаше прво да ти го кажам името на вечниот живот, а потоа на привремениот“. Ја натепале и со наредба на кнезот ја фрлиле во затвор, каде што ѝ се јавил ангел Господов, ја исцелил од раните и ја утешил. Со молитва ги урнала сите идоли во незнабожечкиот храм. После долги и лути маки ја убиле со меч.
OhridNews