По повод празникот „Благовештение на Пресвета Богородица“ на 7. април, недела, во катедралната црква „Св. Софија“ со почеток во 08:45 ќе се служи света архиерејска литургија, информираат од Дебарско – кичевската епархија.

На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј во сослужение на претставници од Вселенската Патријаршија, Атинската Архиепископија и други архиереи од МПЦ-ОА.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews