Светата маченица Злата Мегленска станала симбол на отпорот против турскиот поробувач и пример за одбрана на христијанската вера. Била една од трите ќерки на еден селанец од Слатино. Кога поодраснала била многу убава поради што била забележана од синот на селскиот агалар, познат зулумќар и силеџија. Тој намислил да ја земе и еднаш кога таа во блиската шума собирала трески за печење леб со група пријатели ја грабнал и ја одвел во својот дом. Се обидел во почетокот со убаво да ја убеди да ја смени верата и да стане негова анама ветувајќи и богатство и раскош. Но Злата сето тоа го одбила велејќи дека е решена побргу да умре отколку да си ја мени верата. И кога со ништо не успеал да ја придобие ја предал на џелатите да ја измачуваат. Злата Мегленска била подложена на најжестоки измачувања. Ја тепале со камшик, ја обесиле на дрво со главата надолу, и ја дереле кожата, а потоа врзана за врат со ортома ја шетале низ селата да ги заплашуваат христијаните. И кога со тие тортури не успеале да ја придобијат и скршат, ја исекле со меч на 26-ти октомври 1795 година. Деловите од нејзиното тело џелатите ги фрлиле во реката Мегленица, а подоцна овчарите ги нашле во еден вир, ги собрале и ги однеле во домот на нејзините родители по што биле погребани по сите христијански обичаи.
Набргу после смртта населението ја сметало за светица и и“ биле посветени некои свети дрва во близина на селото. Житието на Света Злата Мегленска го напишал светогорскиот калуѓер Никодим во 1799 година.
Свети Мина беше по род Египјанец, а по професија војник Подоцна ја напушти службата и се повлече на пусто место, и полека, преку пост и молитва, сé повеќе му се приближуваше на Бога, кој му даде да...
Православната црква денеска го одбележува споменот на Преподобна Матрона Цариградска Житие за Преподобна Матрона Цариградска Од Пергија Памфилиска Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големе...
Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот), Господ го создал духовниот свет-ангелите Тие се Господови гласници (ангел значи весник), ги пренесуваат божјите заповеди ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.