Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 јануари 2009 година (среда), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Обрезание Господово и Свети Василиј Велики“. Богослужбата започнува во 8.45 часот, а ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

По тој повод дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Ohridnews