Еден од најзначајните културно-историски објекти, катедралната црква Света Софија во Охрид секојдневно се деградира и уништува реагираат дел од жителите од околните куќи кои за проблемот на неколку наврати писмено се обратиле до МПЦ и надлежните институции во градот и републиката.
Големата фреквенција на луѓе и автомобили кон угостителските објекти во близина на црквата, односот на неодговорните посетители но и жители кои фрлаат секаков отпад се дел од причините за деградацијата на црквата реагираат охриѓани кои сметаат дека не се води доволно грижа за нејзина заштита. Во вечерните часови се собираат групи млади кои со хулигански однос во доцните вечерни часови се однесуваат многу недостојно и деградирачки, за жал тука се уринира и се вршат други несакани дејства сметаме дека е недозволиво на тој начин ваков катедрален храм да опстојува, велат охриѓани.
За проблемот жителите од МЗ „Стар град“ на неколку пати се обратиле до надлежните институции и црквата, но велат дека недовлно е направено да се спречат ваквите појави.Црквата С. Софија е споменик на културата заштитен со закон, но од Заводот и Музеј велат дека поголема грижа треба да води црквата која е сопственик на објектот, бидејќи сите заштитени цркви во Охрид и се вратени на Дебарско Кичевската епархија. Оттаму пак велат дека се прават напори со инсталирање алармни уреди и камери да се заштити вредното културно богатство во позначајните цркви, но и дека грижа за културното наследство треба да покажат и граѓаните.
Г. Момироски