Катедралната црква Света Софија се реставрира. На преубавата западна фасада поставени се скелиња, а работниците веќе ги отпочнаа градежните работи.


Црквата Света Софија била катедрална црква на Охридската архиепископија. Изградена е на старо култно место врз темелите на градба од ранохристијанскиот период. Црквата потекнува од XI век, а најстариот живопис исто така настанал во тоа време.


Во текот на втората половина на XV век црквата Св. Софија била претворена во џамија. При тоа сите фрески биле премачкани со вар, а мермерната олтарска преграда била отстранета. Над северозападната купола на егзонартексот било подигнато минаре, што било срушено во 1912 година.


Она што останало во источниот дел на црквата вушност претставува најкомплетен и најдобро сочуван живопис на една катедрална црква во Византија од XI век. Две  теми поврзани со претставата на Богородица со Христос поставени на едниот од столпците како и над влезот од наосот во нартексот, го привлекуваат вниманието на научниците. Тие презентираат претстави на Богородица со Христос невообичаени и ретки во византиското сликарство, но како обрасци поврзани со почетоците на италијанската ренесанса. Некаде кон средината на XIV век настанало сликарството на спратот на нартексот. Сликарот се потпишал на мечот на архангелот, а неговото име е Јован Теоријан, еден од најдобрите што работеле во Македонија во ова време.

Ohridnews
фото: Емилио