Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари, денот посветен на Света маченица Татјана. Света Татјана потекнувала од видно римско семејство. Татко и три пати бил префект на Рим.

Уште од младоста била длабоко проникната од Христовата вера, а подоцна била посветена за ѓакониса. Како христијанка била забележана од римските власти, затворена и мачена.

После измачувањата била фрлена на лавовите, но овие се умилкувале околу неа како во времето кога животните живееја во мир со Адама. Најпосле и ја отсекле главата. Света Татјана пострада за Христа во третиот век.

OhridNews