По повод празникот на „Свети Атанасиј Велики“, во недела, 31-ви јануари, во црквата „Свети Ѓорѓи“, ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 8.45 часот.
Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
OhridNews