Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на 29 март, недела, во црквата „ Свети Никола“ – Геракомија, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод Петтата недела од Велигденскиот пост посветена на „Света Марија Египетска“.
Литургијата ќе започне во 9 часот. Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
OhridNews