Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека утре вторник, 6 мај, во црквата „Свети Ѓорѓи“ – Влашка маала, со почеток во 9 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот посветен на „Свети Ѓорѓи Победоносец“ – Ѓурѓовден.
На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужба ќе има само во црквата „Св. Ѓорѓи“ – Охрид (едноцрквие).
OhridNews